Осум милиони евра исплатени кон граѓаните преку мерката „Мој ДДВ“

Bez autora
May 24 2022

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.

Една од успешните мерки со кои државата исплаќа пари директно на сметките на граѓаните е мерката „Мој ДДВ“, која се спроведува веќе трета година.

Во првото тримесечје назад кај граѓаните исплатени се 491,5 милион денари, односно речиси осум милиони евра, изјави на денешната прес-конференција Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.

Таа додаде дека во време на светска економска криза важен е секој денар плус што завршува во семејните буџети. Освен што обезбедува дополнителни приходи за граѓаните, мерката „Мој ДДВ“ е важна и за унапредување на даночната дисциплина.

Ристова истакна дека заштитата и унапредување на животниот стандард се врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Во време на светска економска криза преземаме низа мерки што обезбедуваат повисоки плати и пензии и помали трошоци за граѓаните.

Минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а од септември следува рекордно зголемување на пензиите во согласност со новата методологија, изјави Ристова.

Таа додаде дека СДСМ како одговорна партија продолжува да реализира мерки и политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik